ИВАНОВ РАСПЛАКАЛ МАЈЧЕ СО ДРЖАВНИ ПАРИ ДОДЕКА БИЛ ПРЕТСЕДАТЕЛ : ЗА САМО 3 МЕСЕЦИ, ПОТРОШИЛ 1 МИЛИОН ДЕНАРИ ПО КАФАНИ!

0
1419

Во последните месеци од мандатот на Иванов околу еден милион денари биле потрошени за ресторани. 32.600 денари биле потрошени за ручек со добитници на повелба во ресторанот „Стара куќа“. За ручек приреден во чест на добитници на медал во „Фиш ресторан“ биле потрошени 45.360 денари. Иванов приредил ручек и за некаква Комисија за најмлад научник, при што во „Старо буре“ биле потрошени 43.540 денари.

Она што е спорно во податоците е тоа што немало регулација на трошоците. Средствата од буџетот на претседателот се трошеле без правилник и без интерен акт, поради што имало простор за злоупотреби.

Иванов и неговото семејство имале се што им треба во Вилата, па така платата на претседателот за овие две години останала нечепната. Од кабинетот велат дека дури и приватните средби на Иванов во Вилата, биле на трошок на државата.

Од таму додаваат дека тоа нема да биде случај со Пендаровски, кој трошоците за приватните средби ќе ги покрива од својот џеб.