Иванов – претставникот на баграта што млатеше и кршеше

0
1625

Единственото нешто што актуелниот креатор на кризата во Македонија, Иванов, можеше и требаше да го направи вечерва е да го повика Зоран Заев на средба за да му го додели мандатот за состав на влада. И толку. Но, занесен на крилјата од масата што млатеше и кршеше вечерва низ парламентот, уште се гледа себе си како институција.

А готово е! Да има трунка човештина во оваа слика на човек, ќе имаше и збор за сочувствување, збор за болка, збор за љубов, барем. Никогаш немам видено вакво обезличено и бесчувствително, скоро механичко обраќање во вакви драматични моменти. Со лист хартија. Од која чита! Чита! Не се обраќа!

Претставникот на баграта што млатеше и кршеше. Нивниот “цар” како што го нарече еден вечерва. Но, царот е гол и тоа нема кој да му го каже. Се уште “претседателствува”. Дур се спрема да “бега во Јасен”! Ех, бедо! На што спаднавме сите ние со тебе.

Елеонора Каранфиловска Ретклиф