Иванов нема проблем со наметната политичка криза, тој е кризата

0
1175

Се обидов да направам анализа на обраќањето на иванов. Но, како може човек да прави сериозна анализа на некој, кој е толку надвор од реалноста?

Иванов нема проблем со наметната политичка криза, тој е кризата. Се’ уште зборува дека тој помирувал, дека спречувал црни сценарија. Наводно, токму поради тоа го силуваше уставниот суд и нашиот правен систем со аболицирањето на 56 лица и осакатувањето на СЈО.

Уште понаводно, историјата ќе го судела откако, после долги години, чуствителните информации ќе бидат декласифицирани.

На крај, побара и помирување на „раскараните“ политички партии. Во нормални услови, ова би звучело во ред. Ако груевски и сите останати бидат судени сега, пред назависен и непристрасен суд во транспарентна и јавна постапка. Со безрезервна и целосна поддршка на институцијата која ги гони.

Доволно беше криминалци да се кријат зад политиката и да бараат да бидат третирани како чесни политичари, додека со сите сили ја блокираат секоја можност за судско докажување на нивната вина. Сите кои ја злоупотребиле власта, мора да одговараат за тоа и за тоа не смее да има компромис.

А што се однесува до иванов, попомирувачки ќе беше ако повторно само намигнеше. Бидејќи со ваквите, „државнички“ настапи, тој само ја бутка државата подлабоко во кашата во која самиот ја стави.

Павле Богоевски

Фејсбук статус