Ибраимоски: Зошто Југохром денеска пушта 400 работници на принуден?

0
877

samka

Самка Ибраимоски, претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) реагира на, како што тврди, денешното пуштање на 400 работници од комбинатот „Југохром“ на принуден одмор.

„Ова не е прв пат да се пуштаат вработените на принуден, многу ми е чудно како може да се менуваат сопствениците секои две години… „Дојди, земи колку ти  треба и бегај, дојди друг, трет итн. Денеска се отпуштаат околу 400 вработени  кои прашуваат зошто баш сега – кога е зима?

Но има и нешто друго: Што се крие позади овој комбинат, кобајаги во стечај, а  работи… Кога не им се допаѓа финансиската  добивка „Ајде отпуштање!“, како вработените да се овци во трло и ајде ќе ги отпуштаме од трлото, односно, во  овој случај од комбинатот“, реагира Ибраимоски.

Тој вели дека за Југохром треба да се заинтересира и Специјалната обвинителка „кога ќе почне со работа, затоа што во овој комбинат има индикации за криминал од големи размери, вели Ибраимоски.