Ибраимовски: Власта да каже колку должи државата

0
1281

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) и нејзиниот лидер Самка Ибраимоски бараат од сегашната власт да објави колку државата е задолжена со внатрешен и надворешен долг.

samka-imbraimovski(7)

– Гледаме дека секој ден се задолжува со нови кредити, а веќе се закажани избори во 2016 година. Би било реално и коректно министерот за финансии да излезе и да каже колку е задолжена државата да знаат граѓаните на Македонија, да знаат и партиите колкав е долгот на државата, затоа што секоја политичка партија која ќе учествува и ќе ветува пред граѓаните, треба да знае што ја чека – какви обврски, каков буџет, а не да ветува се и сешто и да не може да се остварат нејзините проекти и програма. Секој политички субјект во својата програма треба да ветува според тоа со каков буџет располага, и каков економски раст ќе има во наредните четири години – вели Ибраимовски.

Според него, без добра економија и без развоен и транспарентен буџет нема да имаме уште многу години стабилна финансиска состојба во државата.

Ибраимовски им препорачуваме на сите партии своите програми да ги направат според народната „Пружи ги нозете колку што ти е чергата“.

– И на крајот министерот Ставрески да излезе пред граѓаните и да ја разјасни „бомбата“ на опозицијата, ги цитираме зборовите: „Да ги пуштев во трезорот кој знае што ќе беше“.  Што се крие во тој трезор само еден господ знае и само вие знаете министре! Затоа сте должни пред граѓаните да излезете и да ја кажете вистината, затоа што тие пари не се ваши па да правите што сакате. Тоа се народни пари и за нив треба да се дава отчет пред народот – додава Ибраимовски.