ЗРВО И ФОРУМ НА ЖЕНИ ОД ПРИЛЕП ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА ПРИЛЕПСКИТЕ БРАНИТЕЛИ ПОД МОТОТО ,,ХУМАНОСТА НА ДЕЛО”

0
1609

Здружението на резервни воени обврзници , учесници во одбрана на суверенитетот и интегритетот на Р.Македонија 2001-2002-ра година од Прилеп денес заедно со самоиницијативниот одбор на граѓани во канцелариите на ЗРВО во Прилеп организираа хуманитарна акција под мотото ,,Хуманоста на дело”.

IMG_20150309_172237 (1)

Денешната хуманитарна акција чиј што организатор е Васе Илиоска имаше една единствена цел а тоа е хуманоста на дело,  со која што покажаа и докажаа дека бранителите и нивните семејства се дојдени до работ на егзистенција, додека некои се луксузираат, бранителите едвај сврзуваат крај со крај.

Претседателот на ЗРВО Прилеп Рубин Секулоски на новинарското прашање : ,, Како го толкувате пресот на претседателот од  ,,Бедем” Горан Димовски кој самоиницијативно повика прес конференција во име на бранителите од цела Македонија претседателот на ЗРВО Прилеп Рубин Секулоски ни одговори :

– Изјавата на претседателот на ,,Бедем” Горан Димоски ја сметаме за избрзана и непромислена бидејќи не стави во ист кош со неговите “истомисленици”, и исто така очекуваме секој момент самиот да се демантира. Покрај се што чувме на снимките објавени од опозицијата каде што министерката Гордана Јанкуловска припадниците на јавниот ред и мир ги нарече “будалетинки” бидејќи ние бранителите од конфликтната 2001-2002-ра година во тие “будалетинки” препознаваме довчерашни соборци. Воедно , ние членовите на ЗРВО 2001-2002-ра година претседателот на ,,Бедем” го повикуваме да излезе со апел до актуелната власт и да побара донесување на законот за посебни права на припадниците на безбедносите сили учесници во конфликтната 2001-2002-ра година, и со тоа да докажи дека се бори за правата на бранителите.- изјави Секулоски.

IMG_20150309_171303

На хуманитарната акција организирана од самоиницијативниот одбор на граѓани изјава даде и организаторот на акцијата Васе Илиоска :

– Денес се одлучивме да го посетиме здружението на бранители во Прилеп се со една цел да им помогнеме на оние кој што кога беше најпотребно застанаа на браникот на државата , а денес благодарение на оваа влада се наоѓаат на маргините. Можеби скромно но сепак од срце на членовите од здружението им донираме прехрамбени и хемиски производи, но овде не застануваме, нашиот одбор на чело со мене продолжува со хуманоста.- изјави Васе Илиоска