Зорица Заева се дружеше со штитениците на Заводот за рехабилитација во Банско

0
1010

,,Во струмичко Банско, уште пред многу години, со Зорица се заложивме дека ќе помагаме и ќе поддржуваме, затоа што само среќа околу нас значи и среќа во секој од нас.

Со Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност од Струмица создадовме традиција од Тортијадата како настан за средби, но и како начин на изразување.

Оваа искрена дружба, 22 години по ред е можност да разговараме и за иницијативите со кои го олеснуваме секојдневието и вклучувањето на лицата со пречки во нашето општество“-објавено е на ФБ профилот на премиерот Зоран Заев.

Неговата сопруга, Зорица Заева, се дружеше со штитениците на овој Завод.