Зорица Заева: Мојот сопруг трипати го победи режимот во Струмица, и тоа никогаш нема да му го простат!

0
3018

ФОКУС: Во чие било семејство, самата помисла дека некој член е осомничен за некакво незаконско дело, сигурно дека ќе предизвика моменти на паника, шок, неизвесност. Како вашето семејство се носи со обвинувањата и осомничувањата, дури и човек да е апсолутно невин, како сето тоа влијае врз вашето секојдневие?

ЗАЕВА: Мојот сопруг одамна изјави дека во Македонија сѐ можат да ти простат, освен успехот. Тој негов успех како градоначалник, сите негови капитални проекти кои ја препородија општината и фактот дека е единствениот во државата кој трипати ја порази државната власт на локални избори, беа причина, од самиот почеток, до ден-денешен, тој да биде трн во око за луѓето од позицијата. Како резултат на тоа, политичко-судското заедништво во државата фабрикуваше „случаи“ по свој терк, со цел политичка елиминација на успешниот. Само ние си знаеме како ни беше на почетокот кога го измислија „Глобал“. Само јас си знаев што да им кажам на децата, кои во тоа време беа мали, а прашуваа каде е тато… Последните случаи се само уште една неуспешна епизода  од таквите подли активности на власта! Некако, ни помина во навика да трпиме разни конструкции и неправди, но, за среќа, „бомбите“ ја открија спрегата меѓу политиката и судството, и сега веќе сѐ е јасно! Времето е лек за сите рани, и тоа ќе си го каже своето.

Целото интервју може да го прочитате на Фокус ОВДЕ.