Зоран Заев се сретна со градоначалникот на германскиот град Лауенбург

0
944

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска во својот кабинет се сретна со Андреас Тиде, градоначалник на општината Лауенбург (Елба) од Германија. Двајцата градоначалници разменија информации за општините и нивните карактеристики по што ја потврдија можноста за воспоставување заедничка соработка и пријателство меѓу граѓаните на Струмица и Лауенбург.

414-540x358

На средбата посебно се разгледуваа можностите за економска соработка меѓу двете општини. На неа, инаку, присуствуваше и Чинг Ланг претставник на Кина во провинцијата Фуџијан во Германија и посредник во трговската размена, а кој најави дека имаат намера да инвестираат во Струмица.

117-540x358

Градоначалникот Зоран Заев рече дека негов приоритет е економскиот развој на Струмица и затоа вратите на општината се ширум отворени за сите инвеститори, но и за нови пријателства и размена на искуства со општините од европските земји.

Во состав на делегацијата од Лауенбург беше и Панде Христов, иселеник кој живее и работи во овој германски град.