Зоран Заев се сретна со амбасадорот на Италија, Масимо Белели

0
968

Zaev_Beleli

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, Масимо Белели, со кој разговарал за спроведување на договорот од 2 јуни и од 15 јули и за политичките разговори во рамки на работните групи.

– Сите граѓани во Република Македонија мора да имаат доверба во изборниот процес. На изборите се носи одлука од која зависи иднината на државата и граѓаните треба да ја донесат во демократска атмосфера и по слободно убедување, ослободени од какви било притисоци или можности нивниот глас да биде злоупотребен. Затоа ни се важни изборните регулативи. Кредибилноста на избирачкиот список мора да биде проверена и потврдена. Принципиелни ни се ставовите и очекуваме утре да биде постигнат договор за изборното законодавство – рече Заев.

Амбасадорот Белели со Заев разменил одредени искуства во однос на изборните регулативи во други земји и изразил силни очекувања дека имплементацијата на сите точки од Договорот ќе се почитуваат во согласност со утврдените рокови.