Зоран Заев и Мухамед Зекири ризикуваат со своите фамилии, а ти Горане бе што вложи?! Грантовите и илјадниците долари од УСАИД?!

0
4899

Горане бе аман бе Горане, како може да го споредиш Зоран Заев со вождот и диктаторот кој зацрни и испусти еден куп фамилии? Тоа што Заев му помогнал на Зекири е со негови пари бе ало, негов труд, негова имовина, а сето тоа што Зекири го зема од Заев е нула во споредба со парите кои ти ги земаше како уредник на ,,Вест” а и од парите кои ги земаш преку грантовите на УСАИД.

Јас лично имам став дека тебе те боли кур за тоа дали ќе се извади државата од калта како и сите ние која кал вирее 11 години во Македонија или не, мислам дека во тоа лејката твоја суетна и арогантна ти се мотаат само парите ,профитот, авторитетот дека можеш да ги плескаш и едни и други во време на режим глумејќи неутралка и да напаѓаш подмукло под завесата на неутралноста и дека никој ништо не ти може, дека си величина новинарска и дека добро умееш со бизнисмените да лапнеш неколку илјади евра и ништо вредно повеќе, а овај заклучок го влечам од твоите последни неколку лигави колумни пред да го напуштиш ,,Вест” каде бездруго коленичиш со своите досетки пред Камчев и Ќерим за да продолжиш да глумиш неутралка и да го водиш ,,Вест”.

Зекири како новинар во својата новинарска кариера постигна огромен и ненадминлив труд каде неговите видеа со интервјуа беа едни од најгледаните па преку нив јавноста да се потсети на тоа што е политичка дебата, труд за кој многу новинари тешко го достигнуваат.

И бидејќи Зекири лично одлучил по пат на политика да ги промени нештата да одат накј подобро кое сепак е лична одлука, да се обиде да допринесе да се симне оваа диктатура по пат на изборен процес и по пат на мирна разрешница ти најде да го плукаш?! Што па тебе тоа ти пречи?!

Друга работа, Заев го жртвува своето семејство за да ја ослободи државата од клептоманската власт која 11 години ја тероририза Македонија по секој основ, а ти Горане што вложи?! Колку пари накалапи од грантовите на УСАИД?! Што фајде од тоа?! Лично фајде ?!

Неверојатно во кој шарлатан си се претворил а важеше за новинарска величина, признавам порано додека посетував форуми колумните и досетките на ,,Сакам да кажам” најмногу ги читав , а ,,Вест” сум го купувал токму поради досетките на Михајловски. Но еве човек учи додека е жив а јас нема да дозволам некој арогантен и нафатиран гласноговорник да става знак еднаквост со мене, со опозиционерите и режимските медиуми и ВМРО-ДПМНЕ кои цицаат народни пари, буџетски пари, пари од народна пљачка.

Да се разбереме, Зекири е таму каде што е да ги промени нештата за многу помалку пари за да може само да животарка до пад на режимот, да спаси тоа што може да се спаси и да се избори за новинарската професија воедно како политичар, за слободата на говорот и за етиката и моралните вредности, мнооогу помалку отколку што беше кога беше во ТВ-Алсат или ТВ-Шенја, но доколку би го гледал својот личен интерес сега него ќе го гледавме на Сител, ТВ-Нова, Канал 5, Алфа и други зомбифицирани национални телевизии а може и ќе го видевме како лапа некој грант од УСАИД и ќе го прчи курот простачки по одмори како тебе Горане.

Па уште се дрзнуваш да го критикуваш тоа што овој борец за слободарска Македонија е помогнат за обична плата и да ставаш знак еднаквост помеѓу него и режимската медиумска ескадрила и булумента која има потрошено преку 14 милиони евра за да изврши лоботомија на мозокот од народот преку радија, интернет портали и телевизиски станици?! … ц ц ц ПУ бе ПИЖЕ! колку си бил само ти расипан Горане!

Рубин Иваноски