Нападнат и ограбен Пеце Ангелевски, најпознатиот разнесувач на салфети низ битолските угостителски објекти кој има церебрална парализа.
Оваа информација Пеце ја сподели на социјалните мрежи, а како што пренесе , украдени му биле двата мобилни телефони и заработувачката. Тој неуморно со велосипедот разнесува салфети и цевки низ битолските угостителски објекти. Заработувачаката е мала, но работата му го исполнува животот, а возењето велосипед му е најдобра физикална вежба.
На социјалните мрежи жестоко се реагираше на овој срамен чин.