Знам да читам ама не разбирам

0
2386

Читам денес на еден од порталиве, дека Директорот на ЈП Македонски шуми Жарко Караџоски, бил потенцијален кандидат за пратеничка листа на престојниве парламентарни избори.

Абе читам, гледам тоа видеото и се смеам, ама на глас… И не се смеам поради изборот токму на овој кандидат, ами на стратегијата која Вие локални пиунчиња сте ја избрале за да ја дефокусирате опозицијава од вистинските Ваши и единствени кандидати за пратеници.

Абе сите сте извалкани, разбирате? Сите до еден, од црешата на врвот на шлагот до тестото кое сте го печеле за колачот.

Еве да Ви олеснам, за да не губите време на вакви неинтелегентни стратегии.

Сегашниот Претседател на совет на Општина Прилеп, Директорката на Агенција за вработување Прилеп, Доректорот на ЈЗУ Здравствен дом Прилеп се Вашите кандидати бе таленти. И за секој од нив во наредниве неколку месеци јавно и аргументирано ќе биде обелоденето што се направил како дел од Вашата игра во изминативе 9 години.

Толку ли Ви е тешко да се помирите со она што Ве очекува?

Жаре Стефаноски