„Злосторството на молчењето“ го зајакнува авторитарниот режим

0
1336

Постојат многу можности за зајакнување на еден авторитарен режим. Но можеби една од оние најпродорните, покрај стравот, е злосторството на молчењето. Независно дали е во Белорусија, Зимбабве или во Македонија, климата на страв, соработка со автократските лидери, и одбивањето да се заземе страв или да се прозбори против прекршувањата на основните демократските принципи и стандарди, елементи кои се преодредувачки во било кои од овие авторитарни режими, е еднакво на одрекување од личните основни човекови права и од личниот идентитет.

Актуелната политичка криза во Македонија има свои корени во етно-национализмот и популистичката агенда на актуелниот режим, кој е на власт од 2006 година и чија агенда добива во сила од 2008 година до денес. Климата на страв помеѓу популацијата, во голема мера е создадена од продирачка контрола на владеачката партија и тоа врз сите органи на државата како што е правосудството и јавната администрација, но исто така и изборниот процес и медиумите.

Критикувањето на ова влада не се толерира од страна на режимот, па оние кои се осмелуваат да го кренат својот глас се означуваат како непријатели на државата. Ова го вклучува и граѓанското општество и граѓанските здруженија, кои истовремено одиграа витална улога за набљудувањето на владините практики при спроведувањето на толку-посакуваните-реформи.

Сите извештаи објавени од страна на меѓународната заедница, независно дали од одделните влади како САД и организации како што се ЕУ и ОБСЕ, или независни организации на граѓанското општество како Репортери без граници и Freedom House, се едногласни во своите проценки за „трулата“ состојба на демократијата, или она што останало од неа. Дозволете ми да цитирам неколку од нив:

-Во најновиот извештај за Стејт департментот, меѓу другото стои: Најзначајни проблеми со човековите права во Македонија се резултат на високо ниво на корупција и на неуспехот на владата целосно да го почитува владеењето на правото, вклучително и на континуираните напори за ограничување на слободата на медиумите, мешањето во судството и селективно гонење на сторителите, политичко мешање, неефикасност, кронизмот и непотизмот, долгите судски процеси, повреди на правата на јавно судење, корупцијата во судскиот систем”.

– Извештајот на Европската комисија објавен во ноември минатата година истакнува дека неовластеното следење на комуникациите,во кое очигледно се вклучени високи владини функционери, претставува кршење на основните човекови права, укажува на мешање во независноста на судството и слободата на медиумите и изборите, како и на политизација и корупцијата. Загриженоста за сите овие прашања е наведена и во претходните извештаи.

Скандалот со прислушкувањето откри масовно прекршување на основните права, вклучително и правото да се учествува во јавните работи и правото на глас, правото на еднаков пристап до јавните услуги, правото на приватност и заштитата на личните податоци, како и правото на независно и непристрасно судење.

Повреда на основните човекови права на засегнати лица:
– Сериозни прекршувања на Законот за заштита на личните податоци;
– Повреда на Конвенцијата од 1961 година за дипломатски односи со оглед на тоа дека дипломати, исто така, биле нелегално прислушкувани;
– Очигледна директната вмешаност на високи владини и партиски функционери во нелегални активности, вклучително и изборна измама, корупција, злоупотреба на службената положба и овластување, конфликт на интереси, уцени, изнуда (притисок врз вработените во јавниот сектор да гласаат за одредена партија со закана дека во спротивно ќе бидат отпуштени од работа), тешка повреда на постапката за јавни набавки во насока на нелегално стекнување профит, непотизмот и кронизмот
– Знаци за неприфатливо политичко мешање при кандидирање и избор на судии, како и мешање во други наводно независни институции за било лични или партиски предности” .

Во најновиот извештај од Фридом Хаус стои “статусот на Македонија е уназаден од делумно слободна во неслободна земја поради откривањето на индиции за масовно прослушкување на новвинари, корупција меѓу функционери и сопственици на медиуми, како и зголемувањето на закани и напади врз медиумските работници”.

Одговорот од власта на овие извештаи е – тишината. Лидерот на владеачката партија, Никола Груевски, продолжува да тврди дека прислушувањето на комуникациите е дело на “странски разузнавачки служби”, кои одбива да го именува. Во оваа фаза, иако никој не верува во оваа „теорија“ сепак, тој и неговата партија ќе продолжат во оваа измама и лага. Со тоа што одбива да ја прифати својата одговорност за многу случаи на злоупотреба на власта откриени во разговори со прислушувањето, владејачката партија е виновна за „криминалот на молкот”.

Во иста насока, владејачката партија која ги контролира сите нивоа на моќ во земјата е виновна за “криминал на молкот”, во непризнавање на многу случаи на кршење на човековите права и основните демократски стандарди во текот на десет години од своето владеење. Тоа е виновна за уништување на социјалната структура на македонското општество, ширење страв преку заплашување, промоција на насилство преку политика на конфронтација и поттикнување на меѓуетнички тензии преку еднострано етно-националистичко однесување.

Виновна е, исто така, за ширење страв и промовирање на тактики на заплашување на државните службеници како што е нагласено во Извештајот на Прибе и во тој на ОБСЕ/ОДИХР за последните избори. Дури и бизнис заедницата не е поштедена од овие тактики на заплашување од страна на владеачката партија, започнувајќи од нејзината армија на даночните инспектори, особено пред избори, практика еквивалентна на “инспекторски тероризам”.

Други инстанци виновни за „криминалот на молкот” се:
– Прво, Јавниот обвинител за “селективно гонење на прекршителите“ да го цитирам извештајот на Стејт департментот, за покренување обвинение против студентите по архитектура во 2010 година, но систематски одбивање да поднесе обвиненија против оние кои постојано вршат насилнички дејства против ЛГБТ заедницата, или против оние кои се вклучени во насилните демонстрации пред Општина Центар против градоначалникот и неговиот кабинет, иако сите одговорни беа идентификувани;
– Второ, претседателот на државата за одлуката за помилување на високи владини и партиски функционери под истрага на Специјалното обвинителство за сериозна злоупотреба на службената должност. Дури и претседателот не може да биде над законот, но се чини дека тоа е заборавено;
– Трето, судството кои не функционира независно од владејачката партија;
-Четврто, Владата која поддржува медиуми во ширење на измама и владина пропаганда, без никаков обид за објективно известување.

Во меѓувреме тука се оние квази интелектуалци, апологети за владејачката партија, кои тврдат дека извештаите споменати претходно се дел од меѓународен заговор против Македонија поради спорот со името, или за некои опскурни стратешки интереси. Измислувањето каков стратешки интерес може да понуди една мала земја со два милиони луѓе бара навистина многу имагинација. Таквите тврдења се направени од страна на луѓе кои одбиваат да ја прифатат реалноста на терен; кои одбиваат да ги прифатат убедливите докази против овој режим. Тие се виновни за “криминалот на молкот”.

Драги пријатели, Светлина во оваа трагична ситуација се илјадници луѓе кои излегоа на улиците во текот на изминатите неколку недели за да протестираат против владата. Реакцијата на владеачката партија и нарекувањето на овие луѓе „хулигани“е типична за авторитарен режим и, да го цитирам Нелсон Мандела, “нивниот страв од луѓето“. Овие храбри студенти, совесни мажи и жени, граѓански организации и луѓе од сите сфери на животот на граѓанското општество не се таму поради бесплатни сендвичи, како што е секогаш случај со митинзите на ВМРО-ДПМНЕ.Тие се таму, бидејќи доволно им беше од газењето на нивните човекови права, изложеност на диктатурата и слоганите на владејачката партија, ускратената почит од страна на владејачката партија само затоа што проговориле и побарале враќање на демократските стандарди. Тие имаат право на глас и тој глас мора да се слушне. Граѓанското општество мора да има простор во процесот на дијалог и мора да бидат вклучени во потрагата по трајно решение за политичката криза. Ова е суштината на функционално демократско и плуралистичко општество.Со зборување за најлошите екцеси на владејачката партија, со достоинствено соочување со лицето на просечноста на владејачката партија, тие гарантират дека деновите на овој режим, трул до сржта, се скоро завршени.

Друга еднакво силна светлина е храбрoстa на Специјалната обвинитека и нејзиниот тим, посветени на каузата за правда и почитување на владеењето на правото. И покрај жестоките напади од владејачката партија и од самиот лидер, и покрај повторените заплашување и срамно однесување кон неа од страна на високи владини функционери и претставници на владејачката партија, СЈО цврсто стои и продолжува да работи. Притоа, СЈО направи пионерски обид да се придржува кон владеењето на правото и да се осигура дека оние кои се обвинети за сериозни кршења и злоупотреба на власта ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Но, која правда? Видовме како функционираат судовите под сегашниот режим. Какви гаранции постојат за самиот процес? Луѓето мора да стекнат доверба во судскиот процес, со цел да се гарантира враќање на основните демократски стандарди. Дали е ова можно во рамките на сегашниот режим? Извештајот на Прибе укажува на тоа дека земјата поседува “сеопфатен сет на правила кои, ако целосно се почитуваат, би обезбедиле висок стандард и правилно функционирање на судскиот систем“.
Но, ова претпоставува крај на притисокот и заплашувањето од страна на владејачката партија врз судството. Ова е предизвик со кои се соочува земјата. Тоа бара цврста контрола од страна на ЕУ и САД заедно со ОБСЕ и Советот на Европа за да се гарантира дека стандардите за независно судство се почитуваат.

Мирот и стабилноста ќе бидат обновени во земјата ако, пред сè, функционерите на владејачката партија и високи владини под истрага за сериозна злоупотреба на службената должност и корупција се изведени пред лицето на правдата, и второ, доволно време за подготвување на избори ослободени од нерегуларностите и заплашувањата кои беа дел од претходниот изборен процес. Ова значи дека сите елементи на изборниот процес, вклучувајќи соодветна контрола врз употребата на државните пари, финансирање на политичките партии и гаранција за независните медиуми се обезбедени пред изборите.

Пред сè, клучна улога во промовирањето на отворена дебата и дијалог во земјата, без заплашувањата карактеристични за сите овие години, треба да одиграат граѓанските организации, академската заедница и независните медиуми. Ова ќе помогне во обновување на социјалната структура на општеството длабоко трауматизирано од годините на политика на поделба, каде што луѓето се категоризираат како патриоти или предавници и непријатели на државата. Тоа, исто така ќе овозможи вклучување на умерени гласови, но и појава на новите политички сили. Времето за промени е неопходно повеќе од било, ако Македонија сака да преживее како функционална демократија.

Благодарам

Ерван Фуере
излагање на третиот настан на Tribunus Civilis – Злосторството на молчењето