Златко Ориѓански: Македонскиот идентитет се штити со дела кои ќе имаат вредност надвор од Македонија

0
1106
Златко Ориѓански зборувајќи во Ноќен Експрес за актуелниот момент на музичката сцена и поддршката која државата ја дава преку субвенции и уметноста воопшто, истакна дека тоа што сега се спроведува е повеќе штетно од корисно, особено за македонскиот идентитет.
 origanski

„Македонскиот идентитет се штити со дела кои ќе има вредност надвор од Македонија Сé друго е матење вода. Можете да градите високи споменици, бидејќи немаат никакво значење и наместо да го зацвсртат тие го разнишаа. Идентитетот беше дефиниран и оваа земја имаше дела. Се појавија шутр**и (шутраци),  кои влегоа во авантура, без при тоа да помислат колку да ќе чини. А таа ќе нé чини, не само материјално туку и духовно. Македонија сега е мртва земја“, рече Ориѓански.

Тој се повика на една мисла на Прлчичев, дека треба да се твори во духот на народот и епохата во која се живее, нагласувајќи го влијаниеото на музиката. Според него, членовите на Леб и Сол требаше да добијат национална пензија.

„Тоа го заслужуваат затоа што музиката ја превртеа и ја поставија така да биде длабоко македонска и длабоко модерна. На тоа се надоградивме и ние  и Анастасија, Мизар и Архангел. А денес произведуваме народни песни. Тоа е страшно“.

Ориѓански, зборувајќи во контекст на уметноста, саркастично подвлече дека има два предлози за проектот Скопје 2014.

„Кога Македонија ќе стане слободна земја, споменикот на Аце да се симне и фонтаната да се среди за да изгледа европски. А во средината да го стават Ван Хојте како што вози точак“.

За субвенционирањето на музиката свој став искажа и музичарот Арбен Бени Шаќири, кој смета дека субвенциите во музиката не треба да постојат.

„Ако имаш талент, имаш гаража, имаш студио, вежбај, снимај. Тој механизам треба да има поголема контрола и да нема злоупотреби. А треба да се субвенционираат младите, особено оние кои имаат талент, имаат капацитет,  а немаат инструмент“.

Извор: Канал77