„Зидвест пресе“: Со Македонија владее криминална банда

0
1349

Ако Македонците не сакаат веќе да бидат опивани од илузии, ќе знаат што треба да направат, се вели во коментарот на „Зидвест пресе“, пренесува Дојче Веле.

„Она што во моментов се случува во Македонија го покажува меѓународното значење на малата балканска држава. ЕУ виде колку ѝ се мали можностите и во случајов гледа кон мрачна иднина. Со Македонија владее криминална банда. Состојба која европските политичари не ја негираат, но за што, од дипломатски причини, не зборуваат отворено.

За држави како Македонија да се водат на патот на демократијата и да се држат настрана од диктатура и етнички конфликти, ЕУ се потпира на својата привлечна сила и овде-онде – на малку пари. Двете работи веќе не функционираат. Рака на срце, мнозинството Македонци и натаму сака нивната земја да стане членка на ЕУ, но истовремено насетуваат дека освен нив, тоа никој не го сака – ниту нивната сопствена влада, а ниту ЕУ“, пишува во коментарот.