Зелениот листен зеленчук – најдобар борец против пролетниот замор

0
2209

Сезонската храна, особено зелените лиснати зеленчуци кои го чистат телото од токсини е најдобар сојузник во борбата против пролетниот замор.

Нутриционистите препорачуваат да се започне денот со чаша зелен чај, а најдобро е секој оброк да го започнете со зелена салата, бидејќи тоа му помага на телото храната да биде полесно сварлива. Исто така, многу е важно зелениот лиснат зеленчук минимално термички да биде обработен, со цел да се задржат што повеќе корисни состојки.

Коприва

Копривата е совршена кога станува збор за здрава исхрана. Таа е богата со калциум, магнезиум, цинк, манган, бакар и витамини К и Ц. Се користат млади листови, а можете да ја подготвите и како додаток во супа, како мусака, или да ја пиете како чај. Им помага на пациентите кои страдаат од анемија, ревматизам, болести на црниот дроб и на жолчката. Исто така е и одличен диуретик.

kopriva

Блитва

Блитвата содржи витамин Ц, бета-каротен, калиум, манган, железо, калциум, добар диуретик е, и е одлична за јакнење на имунитетот. Благодарение на антоцијани и бета-каротенот го штити организмот од рак на дебелото црево и ја заштитува кожата. Таа исто така содржи доволно магнезиум и калциум, кои на коските им даваат цврстина, а тука е и витаминот А, кој е одличен за видот. Блитвата спречува и висок крвен притисок.

blitva

Спанаќ

Спанаќот е најхранливата храна, полн е со витамини и минерали. Многу е важно малку време да го готвите, околу една минута, за да ги задржи сите хранливи состојки: калциум, магнезиум, железо, витамини Ц, А, фолна киселина. Разни студии докажале дека консумирањето спанаќ делува заштитно кога станува збор за оксидативен стрес на мозокот, како и тоа дека ја намалува деградација на мозочните функции што се јавува поради стареењето.

spanak