Зврле мора да работи на случајот , инаку неговиот стопан Црни Грујо ЌЕ ГО ЈАДИ СТАПОТ СО МАСТ со робија во Шутка или Идризово – Четворица началници поставени од Спасовски – цел на предистрагата на ОЈО

0
1501

Четворица началници поставени од пржинскиот министер Оливер Спасовски се цел на предистрагата на обвинителството за организиран криминал за изборни нерегуларности во 2016-та и 2014-та, тврдат за Телма извори од истражните органи. Случајот преку соопштение е објавен вчера од државното обвинителство. Како ги избрале осомничените и за што ги товарат, од обвинителството не одговараат поради тајноста на предистражната постапка.

obvinitelstvo

Раководителот на обвинителството за организиран криминал и корупција Златко Биковски и денеска е цел ден во судница и не можевме да го контактираме.

Од неговото обвинителство соопштија дека постапката е отворена за повеќе поранешни функционери од МВР, како и за други лица и физички и правни поради сомнежи дека а вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми.

Од обвинителството официјално не одговараат за какви форми на влијание станува збор. Постапката се води за избори во 2014-та и 2016-та година во Струмица, Скопје и Куманово. Обвинителството не открива и како двата изборни циклуси се поврзани во ист случај, бидејќи во 2014-та имаше други началници и функционери на позициите кои сега се истражуваат во обвинителството за организиран криминал.

Телма контактираше со дел од началниците за кои според нашите информации обвинителството за организиран криминал и корупција ја отворило постапката, но сите тврдат дека ниту биле повикани на распит ниту пак ги пречекориле овластувањата како што наведува обвинителството.

Постапката е предистражна, но може веднаш да се отвори истрага и за осомничените началници да се бараат од судија на претходна постапка претреси и притворање на осомничените. Обвинителството за организиран криминал и корупција минатата година вршеше претреси и во општина Струмица.