Зборот е збор: Илјадници скопјани може да здивнат – се укинува “арачот” за парно кој беше наметнат за време на владеењето на режимот

0
1049

Регулаторна комисија за енергетика денеска на седница конечно ќе решава за паушалот со кои исклучените граѓани од мрежата на парно-греење мораа да плаќаат месечен надоместок за БЕГ поради цевките кои минуваат низ нивните домови.

Дојче Веле дознава дека денеска по ова прашање треба да се дискутира на подготвителна седница за укинување на одредбата во членот 52, став 2, од старите Правила за снабдување со топлинска енергија со кој се брише фиксниот надоместок за ангажирана моќност.

Воедно треба да се воведе постапка на кој начин во иднина би можеле да се исклучуваат потрошувачите од мрежата.

Станува збор за 20-тина илјади вакви домаќинства, а Владата со ова ветување излезе уште на почетокот на 2017-та.