За специјално судско одделение преговараат власта и странците

0
1024

На средбите на работните групи во Пржино воопшто не се разговарало за формирање на Специјално судско одделение или специјално одделение во МВР кои би работеле на случаите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство. Такви преговори со власта директно водат претставници на меѓународната заедница и тие не се предмет на преговори на партиските претставници, пишува Дојче веле.

Блокадата на работата на СЈО како клучен проблем го наведе и помошничката американска државна секретарка Викторија Нуланд при посетата на Скопје.

Проценките на опозицијата се дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го блокира или одолговлечи целиот пакет за преодна влада и за промени во МВР со цел да ја блокира работата на СЈО.

Неизвесно е дали преговорите ќе продолжат денеска или во следните денови.

Амбасадорот Орав во изјавата потенцираше дека се надева оти тие „ќе продолжат што е можно побргу“. Учесници на преговорите се претставници на четирите политичките партии потписнички на договорот од Пржино, Радмила Шеќеринска, Никола Тодоров, Артан Груби и Имер Алиу од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА.