За секого покрив над главата!

0
1121

Соопштение за јавност

Секој граѓанин ќе има покрив над главата.
Домувањето е право кое што им следува на граѓаните, а не привилегија.

Затоа ќе ги заштитиме најранливите категории граѓани, од социјалата, старите лица, бездомните граѓани.

Никој нема да биде оставен да мрзне по улиците во студени зими како што беше годинешната.
Ќе отвориме преноќувалишта и пунктови за храна, во сите општини каде што има потреба, во соработка со националните и локалните здруженија на граѓани.

Пензионерите со ниски примања, без поддршка од семејството и без сопствен имот нема да мора сами да се снаоѓаат каде да живеат. Државата ќе им помогне. Ќе субвенционираме нивно сместување во старски домови. Ќе има и пензионерски заедници, со организирано домување на стари лица. За да им олесниме на старите лица, домувањето ќе биде во населби по поволни цени, со лесно достапни медицински и други служби, како и со достапна храна по поволни цени.

Ќе предложиме законски измени со цел да воведеме право на користење, не на сопственост, на социјалните станови. Идејата е социјалните станови да прераснат во колективни станбени заедници што ќе бидат управувани од локалната самоуправа. Право на користење на социјалните станови ќе имаат граѓани кои се во системот на социјална заштита и граѓани со ниски примања како и на млади партнерски заедници и лица со попреченост кои не поседуваат сопствен имот.

Оние општини кои нема да можат да изградат колективни станбени заедници, со законски измени ќе бидат обврзани да издвојат пари за исплата на бенефиции за лица кои немаат каде да живеат.

Нашата цел е да создадеме услови за пристапување на Македонија кон Меѓународната асоцијација за заштита на социјални и човекови права, со што ќе се олесни и пристапот до фондови за изградба на социјални станови.

Македонија е социјална држава според Уставот и мора да се грижи за сите свои граѓани. Ова се само дел од социјалните политики со кои ќе им помогнеме на најзагрозените граѓани.

Од оваа 2017 го создаваме животот што го избравме!11.Pokriv-nad-glava