За РЕЖИМОТ минимална плата од 11.000 денари е многу – Собранието не ги изгласа измените на Законот за минимална плата

0
1352

dpmnePratenicisobranie

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на продолжението на 67. седница не го го изгласа Предлог законот за изменување на Законот за минимална плата, предложен од пратениците од опозијата.

Пратеничката група од опозицијата предлага зголемување на минималната плата на 11.000 денари, додека владејачкото мнозинство смета дека овој, како и другите предложени закони од опозициските пратеници, се во контекст на претстојните избори и чист популизам.

Опозициските пратеници сметаат дека минималната плата од 9.590 денари не е реална и не соодветствува со потребите на граѓаните.