ЗА ПРВ ПАТ ПО 30 ГОДИНИ ГРЦИЈА ГИ ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИТЕ ПАСОШИ: Ако патувате во Грција, нема повеќе листови на граница!

0
1140

Од денеска Грција почна да ги прифаќа македонските пасоши.

Македонските граѓани од денеска влегуваат во оваа соседна земја само со пасош. Грција веќе ги исфрли од употреба листовите кои дополнително им ги даваше на македонските граѓани, затоа што не го прифаќаше пасошот.

Грчките власти вчера издале наредба до пограничните служби за примена на новите правила за влез на македонски државјани.

Грција сега ги прифаќа македонските пасоши на кои пишува Република Македонија, но има ставено печат со натпис: „Оваа патна исправа ѝ припаѓа на Република Северна Македонија“.

Граѓаните до 2024 година треба пасошите да ги заменат со нови.