За мeтеорологот Живковиќ незнаењето е виновно за големите поплави во Скопје

0
1057

Скопскиот пропуст е кристално јасен. Незнаењето кое со години е акумулирано мораше да доведе до оваа несреќа. Да не се залажуваме, 100 литри вода на квадратен метар не е нешто што треба или може да заплаши ниту еден голем град, вели експертот Момчило Живковиќ од Белград.

Во разговорот за МКД.мк Живковиќ зборува за своите размислувања и забелешки во врска со трагичните настани во Скопје, поплавата и невремето со кое македонската метропола се соочи пред неколку дена.

Живковиќ е угледен и врвен стручњак и авторитет во Србија, во регионот и пошироко во областа на хидрометеорологија и климатските промени. Тој долги години беше директор на  југословенскиот и српскиот Хидрометеоролошки завод, а до пред две години и директор на државната Агенција за заштита на животна средина на Србија. Тој и натаму е мошне активен како директор на метеоролошка фирма во Белград која ги следи сите метеоролошки феномени во регионот.

„Сѐ уште не сум запознаен со сите детали. Ситуацијата во Скопје не ја следев пред сѐ поради фактот дека нашиот (српскиот) Републички хидрометеоролошки завод даде најава за таканаречениот црвен аларм, но како и секогаш досега, таа приказна не е сериозно разбрана во неколку засегнати држави од балканската почва.

Целиот текст ОВДЕ