ЗА ЛЕВИЦА, ПРОТЕСТИТЕ СИНОЌА БИЛЕ МИРНИ, СО МАЛ БРОЈ НА ПРОВОКАТОРИ, МВР БИЛА БРУТАЛНА И УПОТРЕБИЛА МНОГУ СИЛА!

0
1149

На 17 јуни 2018 г., силите на МВР употребија прекумерна сила, големо количество солзавец и шок бомби врз мирните невооружени демонстранти. Оваа акција на МВР е за осуда, поради бруталноста и заради намерата спречување на изразување на револтот на граѓаните од однесувањето на македонската власт со потпишувањето на Договорот Заев-Ципрас.

Како што дознавме, за осуда се и провокаторите од редовите на протестирачите, кои не ги познаваат елементарните правила на цивилен протест и ги доведоа другите цивили во опасност.

Полициската бруталност не е нешто ново во РМ. Таа не е поради етно-шовинистичката реторика на дел од протестантите која не може никако да биде оправдана. Причината е многу подлабока – заканата да не се влезе во НАТО. Истата причина поради која наши другари беа противправно лишени од слобода пред речиси година дена, кои мирно држеа парола со текст „Стоп за војните на профит”. До сега нема никава разрешница ова илегално однесување на силите на МВР.

Од друга страна, бившата владејачка партија, организира срамен марш во Битола, каде се ширеше омраза кон Грците и Албанците. ДПМНЕ е партија која се обидува да ги злоупотреби чувствата на изневерените Македонци и да ја контролира екстремната десница. Оваа партија се докажува како реакционерна.

Левица изразува длабока загриженост поради присуството на засилен национализам изминатиов период, предизвикан од погрешната политичка стратегија на новата власт. Работничката класа не смее да потпадне под овие националистички и етнички поделби намерно предизвикани од политичките елити кои повторно докажаа дека работат единствено за интересите на капиталот и империјалистичките организации. Во вакви чувствителни времиња кога се поопасна е заканата нашата држава да стане дел од агресорен пакт, повеќе од било кога е потребно антимилитарно и антифашистичко работничко движење, ослободено од национални и етнички поделби.

НАРОДЕН ГЛАС : Инаку МВР објави видео на кое се гледа колку беа протестите мирни: