ЗА КОЛКУ СЕ ПРОДАДЕ ПРОФЕСОРЕ КАЛАЈЏИЕВ НА МАФИЈАТА – ЕВЕ ЗОШТО ПЛУКАШЕ ПО СЈО ОВИЕ ДЕНОВИ – ВМРО ГО СПРЕМА ЗА НОВ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Калајџиев уловен на средба со осомничениот од СЈО, Владо Пешевски

0
1749

Додека разговорите за Законот за Јавно обвинителство е во ќор-сокак поради различните позиции на ВМРО-ДПМНЕ, до нашата редакција се појави интересна фотографија која покренува многу прашања.

Имено на фотографијата се гледаат професорот на Правниот факултет, Гордан Калајџиев и некогашниот вицепремиер и близок соработник на Никола Груевски, Владимир Пешевски кои седат заедно.

Периодов, ВМРО-ДПМНЕ настапува со барање тие да го предложат новиот Јавен обвинител и тоа да биде професор на правни науки.

Оттаму, се поставува прашањето, за што разговарале Калајџиев и Пешевски? Дали професорот ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?

Дали на средбата се зборувало за непроверената информација на Калајџиев кој тврдеше дека писмото на Катица Јанева од затворот во Шутка било пишувано на компјутер, по што се потврди дека тоа било само лажна вест? Или пак се зборувало за случајот на СЈО „Траекторија“ каде е осомничен и Пешевски, а благодарение на Кривичниот суд, кривичното дело застари.

Низ јавноста се погласно се поставуваат прашањата дали во изминатата недела во неколку наврати, во тајната соба на ресторанот „Сушико“ професорот Калајџиев се среќавал со еден од тајкуните блиски до ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев?

Овие прашања ги подгреваат и потврдуваат сомневањата во јавноста дека додека ја критикуваше работата на СЈО, Калајџиев всушност си правел простор за себе.

И додека се чекаат одговори, во периодот што следува ќе биде интересно да се следи развојот на настаните по оваа средба, особено во настапите и постапките на ВМРО-ДПМНЕ, Пешевски и Калајџиев.

Професорот Калајџиев е последно разочарување после Катица, навистина пара врти где бургија неќе и речиси секој човек има точка на топење, сако ако му се даде доволно пари или функции.

За жал тоа е тажната сурова реалност.