За злоупотребата на брзата помош

0
1322

Замислете ваше дете чека на брза помош за да му биде спасен животот а од брза помош ви јавуваат дека возилото е зафатено. Во исто време разбирате дека возилото на брза помош. по наредба од штабот на ДПМНЕ и на Груевски му било дадено на некој нивни партиски активист да биде возено и развезувано празно, за провоцирање на група граѓани која ги блокирала мостовите во Скопје поради нивниот револт од однесувањето на партијата на власт. Вашето дете, ваш родител или близок можел заради таквата злоупотреба на возилото за брза помош да изгуби живот.

И што мислите?

Дали некој ќе одговаше во таков случај? Дали некој ќе чуствуваше срам или одговорност?

Не.

Тоа што го одобрил Груевски или неговите партиски подржувачи , колку и да е монструозно, во оваа земја не подлежи на казнување ниту на одговорност. Тоа е суштината на монструозноста во општетсво во кое Груевски се избори за неказнивост и која веќе не смее да му се дозволи со сите сили и средства.

Фејсбук статус на Ѓорги Спасов