За ЕУ Грујо веќе е мртва политичка фигура: Јункер во последен момент ја повлекол поканата за Груевски, наместо него во Брисел ќе оди Иванов

0
1332

gruevski-ivanov-540x407

ЕУ и лидерите на балканските држави в недела ќе разговараат за изнаоѓање заедничко решение за бегалската криза која ја погодува цела Европа.

На лидерите на Австрија, Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Унгарија, Романија и Словенија ќе им се придружат и првите луѓе на Србија и Македонија во Љубљана, соопшти претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Според извори на Телма во Унијата, претходно подготвената покана за премиерот Никола Груевски, во последен момент е сменета на директно барање на претседател на ЕК, Жан Клод Јункер и наместо тој на вонредниот Самит за мигрантите викендов во Брисел е поканет претседателот Ѓорге Иванов.

Високи дипломатски извори во Брисел објаснуваат дека причината е револтот кај првиот човек на Комисијата од одлагањето на роковите за исполнување на обврските од договорот од Пржино.

ЕУ најави одржување мини самит со балканските држави за бегалската криза, откако Словенија одлучи да ја ангажира армијата за справување со илјадници мигранти кои пристигнуваат на нејзините граници.

Со оглед на растечката алармантност во земјите долж западно-балканската мигрантска рута, постои потреба од поголема соработка, подлабоки консултации и итна оперативна акција“, соопшти Јункер.Повеќе од 600 илјади мигранти и бегалци, најголемиот дел во бегство од конфликтот во Сирија, Ирак и Авганистан, годинава минале низ оваа рута, соопштија ОН.