За денес ви препорачуваме: Речел со суво грозје

0
1533

За ова слатко јас редовно користам зелена ребраста тиква.

Тиквата се лупи и се сече на парчиња по желба.

500гр вар се потопува во 4л вода и се остава да се наталожи. Се процедува и се става во подлабок лонец. Исечените парчиња тиква се ставаат во водата и се оставаат 5 часа да одстојат. Од време навреме се промешува затоа што варот се таложи.

Одкако ќе поминат 5 часа се истура водата и тиквата убаво се мие-плакне во неколку води и се става во решетка да се исцеди.

Во друг поширок лонец се става шеќерот и се налева со вода(2л) да се покрие 2 прсти над шеќерот. Се вари шербет околу 10 минути, а потоа се додава и тиквата и се вари околу 2,5 часа на пониска температура.

Слаткото не се меша само благо се притиска горниот слој да се измеша со долниот и така додека се свари тиквата. 10 минути пред крај се додава сувото грозје и лимонот исечен на тркалца.

Свареното слатко се покира со салфетка,убаво се зацврстува и се остава да се излади а потоа се собира во суви и чисти тегли.

Може да се стави и ореви, но вака првпат годинава правам и верувајте сувото грозје одлично се вклопува со тиквата.

Состојки
2кг тиква
2,6кг шеќер
1 лимон
4л варова вода
100гр суво грозје