За Геро, Зиков, АЛЦХАЈМЕРОТ и цензурата на порталите

0
1720

Алцхајмерот на Геро е опасна работа. Во обид да стане прв медиумски могул во земјата, сега на ,,ПлусИнфо” нашкрабал текст во кој тој ја повикува владата на Заев да ги укине порталите кои не им се допаѓаат на Зиков и на него или кои не се тоа портали по нивни терк и на кои не им се допаѓа уредувачката политика и со тоа по автоматизам Геро ја поддржува тезата на Зиков која тој пред извесен период ја напиша во форма на фејсбук статус за тоа дека одредени портали мора да бидат цензурирани, да ги нема едноставно и да останат само Плусинфо и Капитал. Исто така со сиот памет од Заев бара да стане копија на Грујо и да биде и премиер и новинар и уредник и презентер и се…или со други зборови бара од владата на СДСМ да стане клон на ВМРО-ДПМНЕ. Па какви се бре овие ЕПСКИ будалаштини од тоа лејката Герова?!

Геро и Зиков се сега новите медиумски могули во обид, тие сега и двајцата се сложни дека треба да се згаснат одредени интернет портали и внимавајте, тоа го нарекоа ,декуртонизација”, иако до вчера Зиков според Геро беше загарот на Минчо Јорданов и крава молзница за поранешниот режим на ВМРО-ДПМНЕ. Значи според алцхајмерот на Геро и медиумската жед за тресење и истресување во медиумскиот простор на Зиков сите кои го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ од различни и сопствени убедувања се куртони а тоа што Геро се гушка и брани со Хипо, што ские со кум Ставре, тоа што со Грујо се моташе по коктели моктели, тоа што бараше амнестија на Груевци, тоа што ја протна тезата за федерализација и му ја продаде на Грујовиот ПИАР бесплатно, тоа што има банери од ВМРО-ДПМНЕ на неколку изборни циклуси за него е новинарство?! Па Геро претходно неколку пати зема банер од режимот на Грујо и сега тој бил новинар, а ние со помали портали сме куртони и не сме биле новинари и треба да не снема?! Кој кого ебе тука во здрав мозок?! За какви тоа куртони говориме ние тука?!

Твоите автоголови во голот на СДСМ кои ги даваше редовно секој ден, ги преставуваше како знак на демократија?! Сите твои политички предвидувања и совети завршија во ендекот на Мартин Протуѓер, и сега ќе делиш памет како тоа Заев да се ослободи од неколку порталчиња кои едвај преживуваат финансиски затоа што тебе и на Зиков ви пречат?! ц ц ц ц

Овие двајца сигурно ден и ноќ мислат на портали како ,,Доказ”, ,,Мактел” и ,,Народен Глас” да ги уништат, па ставаат уште и еднаквост помеѓу малечки портали и портали на куртон уредници кои ја чинеа државата милиони евра народни пари… па ова што го прават Геро и Зиков е рамно на медиумски геноцид.

Порталот ,,ПлусИнфо” кој е под палката на Геро има огромен буџет на располагање, еден куп новинари кои дремат по тоа бироата со дебели газови, не работат ништо, обработуваат изјави, се шетаат по прес конференции, земаат плата а не откриле ниедна афера, па како е тоа можно да му се случи на најголемото новинарско перо во Македонија!? Да имаш 20 новинари, а да не откриеш ниедна афера во време на автократски режим кој и расплака мајче на државата во 11 години и тоа да го нарекуваш новинарство?! Што не бара Геро да се укине и ,,ПлусИнфо”?!

Ама нееее, Геро го заболе за другите, он гледа тој да стане медиумски могул, од секогаш бил жеден за советодавната клупа во медиумскиот простор, и сега конечно покажа за што е, веќе отворено бара цензура на интернет порталите затоа што нему не му се допаѓаат или затоа што неможе да ги контролира и веднаш ги етикетира како куртони. Бреееееееееејјјј…што ти прави еден алцхајмер у пичку матер…

Рубин Иваноски, уредник на порталот Народен Глас