Заситени сме веќе од вашите крокодилски солзи за (не)културатa

0
1660

Заситени сме веќе од вашите крокодилски солзи за (не)културата. И тоа од кого? Од оние што ја уништија и ни ја украдоа културата! Каде бевте да плачете кога се тепаа студенти на плоштад во 2009-та кога сакаа да ја заштитат македонската култура и да се побунат против перверзното лажно претставување на културата?

Каде бевте да плачете кога се донесе одлука за ‘барокизација’ на автентичното модерно дело на Живко Поповски?

Каде бевте да плачете кога ги лустрираа Славко Јаневски и Божин Павловски?

Каде бевте да плачете кога и ја одземаа наградата на писателката Лидија Димковска?

Каде бевте да плачете кога Министерството не сакаше да издаде роман на Петар Андоновски поради тоа што бил на протести, а истиот роман подоцна ја освои наградата Роман на годината?

Каде бевте да плачете кога ги забранија претставите на Владимир Милчин, Билјана Радиноска, Срѓан Јаниќијевиќ и Лука Кортина?

Каде бевте да плачете кога актерката Лилјана Велјанова падна во стиропорниот театар и едвај се спаси?

Каде бевте да плачете кога од СОНК ја прогласија Ирена Ристиќ за неподобна?

Каде бевте да плачете кога слушнавме како на Тоше сакале да му го затворат музејот и на неговите да им укинат пензијата?

Каде бевте да плачете кога го заградија споменикот на ослободителите пред Влада?

Каде бевте да плачете кога на уметникот му ја одземаа функцијата на активен чинител во општеството, а место тоа ви ставија за директори неталентирани креатури налик Жугиќ и Михајловски?

И дали воопшто ви значеше тоа што проектот Скопје 2014 освен што уништи еден град, лажираше идентитет на еден народ, ни го одзема и последниот денар од џеб за некој да се богати, исто така ја уништи и целата слика за културата во земјата?

Ние ја браниме културата, а вие кичот и лажната бронза – во тоа е разликата. И се дур не го видиме целиот проект уништен, нема да ја препознаеме слободата!

Луми Бекири
фејсбук статус