ЗАПОЧНА ОПЕРАЦИЈАТА НАРЕЧЕНА – НАРАЧАТЕЛИ И ИЗВРШИТЕЛИ ЗА КРВОПРОЛЕВАЊЕТО ВО СОБРАНИЕ ЌЕ СКАПАТ ВО ШУТКА И ИДРИЗОВО!

0
5913

Командантите на специјалните и полициските единици чекале со часови наредба за ангажман во Собранието на 27-ми април, но никој не им давал наредба за акција. Ова како што дознава Телма, меѓу другото било кажано и на распитите во Обвинителството за организиран криминал и корупција каде се води предистражна постапка за организација на собраниските насилства.komandanti-670x388

Денеска како сведок бил повикан командантот на ПЕП- посебната единица за поддршка на МВР Бранко Трајановски, додека вчера исто како сведок бил и Марјан Петковски, командатот на ЕБР. И двајцата дале искази, за временскиот рок кога биле известени и кога добиле наредби за употреба на единиците кои ги командувале. На командантот на ПЕП на 27-ми април му се јавиле околу 18:15 часот бидејќи неговата единица воопшто не била ангажирана за протестите на Заедничка Македонија. Тогаш тој имал само 13 луѓе на располагање и почнал да бара засилување од Скопје и од цела Македонија.

 Командантот на ЕБР, Марјан Петковски чекал наредба за активирање на единицата, па на крај сам се јавувал во оперативниот штаб на МВР да праша дали ќе наредат единицата да реагира. Но, оттаму му одговарале дека има време, и да почека, а на крај наместо да го пратат на терен го повикале првин да дојде во штабот.<
Од обвинителството за организиран криминал засега не прецизираат до кога ќе трае предистражната постапка и до кога ќе бидат повикувани сведоци. Во план е и сведочење на тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу, додека поканата за Митко Чавков ќе зависи од лоцирањето на одговорноста за собраниските инциденти. Чавков, кој е поранешен директор на БЈБ на МВР и поранешен шеф на оперативниот штаб досега не дал изјава ниту во скопското обвинителство ниту пред работната група на МВР.

Од обвинителството се уште нема најава ниту кога ќе бидат повикани пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски кои се гледаат на безбедносните камери како ја отвараат собраниската врата и ја насочуваат толпата низ Собранието. Нема најави ниту дали ќе бидат повикани на распит командантите на единицата Алфи за да разјаснат како постапила единицата и оперативниот штаб на 27-ми април.

Во работата на обвинителството за организиран криминал, од минатата недела се вклучени и 8-мина полициски инспектори од разни области кои се дел од новоформираниот истражен тим во рамките на обвинителствотo.