Заменик министерката Кипријановска од Демократскиот сојуз, разрешена затоа што одела на протести

0
1039

Трајко Вељановски разреши заменик министер и не му даде право да ја образложи својата работа. Премиерот Димитриев ја нападна дека таа учествувала на протести и ДС ја напуштил колицијата, а тоа ќе било штетно за нивната политика за  ЕУ И НАТО, каде тие тргнале. Премиерот на ВМРО ДПМНЕ ја разреши ама  не даде оценка за квалитетот на нејзината работа. На ваквите деловнички недоследности упати реакција првин  Демократскиот сојуз, чиј кандидат за таа позиција беше разрешената заменик министерка Драгана Кипријановска. Во реакцијата се вели :

“На денешната седница на Собранието на Република Македонија, претседателот Трајко Вељаноски, не ѝ даде збор на Драгана Кипријановска, заменик министер за надворешни работи, со што грубо го прекрши член 221 став 4 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. Кипријановска сакаше да ги искаже своите ставови пред пратениците, по повод предлогот за нејзино разрешување, но во намерата беше спречена.“

Премиерот Димитриев образложи дека ѝ забележува дека делувала опозициски и тоа ќе пречело за евоинтегративните процеси на неговата влада, и тој очекувал самата да се повлече  бидејќи не биле повеќе во коалиција со ВМРО ДПМНЕ.

Од Демократскиот сојуз, колку за принципиелноста, на ова реплицираат дека тие очекуваат исто така и ВМРО ДПМНЕ да се повлече и да си дадат оставка,  бидејќи и членовите на Демократскиот сојуз гласале за таа коалиција и донеле многу повеќе гласови од кои добиле многу помалку, велат тие  за Локално.мк.

13315260_1055621291184680_6973652830335156198_n

Од Демократскиот сојуз, колку за принципиелноста, на ова реплицираат дека тие очекуваат исто така и ВМРО ДПМНЕ да се повлече и да си дадат оставка,  бидејќи и членовите на Демократскиот сојуз гласале за таа коалиција и донеле многу повеќе гласови од кои добиле многу помалку, велат тие  за Локално.мк.

13346816_1055679484512194_2634851701893329765_n

Во прилог на реакцијата, од ДС го доставуваат и  подготвеното обраќање на разрешената Кипријановска, кое го спречи спикерот Трајко Вељановски. Ви го пренесуваме во целост:

Почитуван Претседател на Собранието на РМ, г-дин Вељановски,  Почитувани пратеници,  Претставници на медиумите

 

Дозволете ми, на денешнава седница на која на дневен ред е Предлогот за мое разрешување од функцијата Заменик на министерот кој раководи со МНР на РМ, да ги сублимирам досегашните ангажмани, вложениот труд, мотивите за неуморно и посветено работење во интерес на остварување на стратешките цели и приоритети на македонската надворешна политика, но и предизвиците со кои притоа, се соочував.

Би сакала имено, да наведам неколку работи.

На оваа позиција бев именувана пред неполни две години, поточно во јули, 2014 година со формирањето на составот на новата Влада, на предлог на Демократскиот Сојуз кој беше дел од Коалицијата „За подобра Македонија.“ Оттогаш, па сѐ до овој момент кога стојам пред Вас на оваа говорница настојував професионално, совесно и одговорно да ги извршувам доверените задачи и активности од делокругот на моето работење.                                                                 Свесна дека животот ми ја подал шансата да се занимавам со евро-атланстките перспективи на Македонија од еден прагматичен агол, настојував во најголема можна мера да дејствувам во интерес на постигнување на највисоките надворешно политички приоритети, односно полноправното членство во НАТО и започнувањето преговори за членство во ЕУ.                              Бев присутна и подготвена да дебатирам во различни формати пред нашите европски партнери, поголеми или помали поддржувачи, за тоа колку е важно да се заокружи европскиот проект и колку Македонија треба и заслужува да биде дел од тој проект, по различни параметри.

Не помалку, за Македонија беше важно да го одржува и унапредува својот рејтинг и на регионален план, низ јакнењето на соработката и партнерството со државите од своето поблиско и пошироко соседство, па во таа насока, реализиравме повеќе активности, покренавме многу иницијативи, постапки за склучување на меѓународни договори, како и други проекти што успеаа да вродат со позитивни резултати.                                                                                                     Далеку од тоа дека настојувам да си припишувам лични заслуги, но задоволство ми е што бев дел и иницијатор на некои од тие активности.

Сериозно се посветив и на уште еден значаен сегмент од македонската надворешна политика, односно на јакнењето на позицијата на државата на мултилатерален план.                                            Почнувајќи од сузбивањето и превенцијата на тероризмот и насилниот екстремизам, борбата против говорот на омраза, учеството на жените во мировните мисии и безбедносните аспекти врзани за овие прашања, адресирањето на родовата димензија и бенефитите од пошироката застапенот на жените во меѓународната политиката, до унапредувањето на легислативата и институционалната рамка за човековите права, јакнење на соработката со меѓународните правосудни институции, прашањата врзани за енергетската безбедност и промоцијата на РМ како поволна туристичка и бизнис дестинација, итн., па, не само што се најдов повикана да дебатирам во различни формати за овие прашања, туку и со мошне енергичен замав го правев тоа.

Натаму, верував и сѐ уште верувам дека е особено важно да се води доволно сметка и да се работи на едукација и стручно усовршување на младите дипломати. Во изминатиов период започнав преговори за склучување меморандуми за соработка, обука и размена на млади дипломатски кадри со неколку високо реномирани факултети и институти во САД и во Европа за таа цел и овие иницијати без никаква задршка, ќе ги пренесам на мојот наследник.

Конечно, ценам за потребно, а воедно, и должност ми е да нагласам уште некои аспекти врзани за вршењето на мојата функција пред очите на пошироката јавност.

Точно е дека во втората гарнитура на Владата на РМ влегов како кандидат на Демократскиот сојуз, но не помалку важно е и тоа дека за оваа позиција бев предложена без било каков претходен партиски ангажман. Без било каква претходна партиска заднина, па оттука и докрај останав лишена од било какви партиски влијанија при вршењето на функцијата.

Реалноста е дека со оглед на мојот поранешен backround настојував да се однесувам како правник во политиката, а не како политичар во правото, колку и тоа да им пречеше на некои од моите колеги.

Колку и моите размислувања и аргументи да им изгледаа неприфатливо, нивната логика и издржаност ја барав и ја засновав врз правните начела и законитости. А правото почива врз поинакви начела и законитости од оние кои важат за политиката, особено во денешниве сложени услови на политичка криза.

Конечно, првата инстанца од која дознав за предлогот за мое разрешување беа електронските медиуми, без било какво претходно навестување, а уште помалку, некакво образложение за причините кои стојат зад ваквата одлука.

Колку и тоа да ми изгледаше некоректно, свесна сум дека за многу побитни работи, и тоа, за оние кои се од особен државен интерес, не само што недостига образложение и транспарентност во услови кога тоа се покажува како неопходно, туку недостигаат и соодветни излезни правци од доста комплексната политичка ситуација во која се наоѓа Република Македонија.

Пред заминување, должност ми е да се заблагодарам на стручните кадри во МНР за соработката, поминатите часови во дискусии, размислување, обмислување и драфтирање ставови и позиции кои се во интерес на РМ и испорачување на позитивните резултати.

Македонската дипломатија треба и заслужува да доживее многу посветла доба од онаа во која се наоѓа во последнава година кога е ставена во функција на промоција на погрешна политика на елитите на власт, политика која ја вовлече Македонија во длабока криза.

Верувам, многумина веќе ја препознаа потребата од јасна дистинкција помеѓу она што е партиско и она пред кое стои предзнак државничко и е од суштинско значење за РМ. Само така може да се подобри перцепцијата за РМ пред очите на меѓународната јавност.

Се надевам и мојот наследник, но и целиот дипломатски тим ќе продолжат да работат во таа насока.

Ви Благодарам!

Извор: Локално