Закажана седница на ад-хок телото за медиуми

0
1193

Нова седница на Привремената комисија за мониториг на медиумите треба да се одржи попладнево, откако вчера не беше постигнат консензус околу изборот на петтиот член.

Седницата ја закажал директорот на Агенцијата за медиуми Зоран Трајчевски. Според Изборниот законик, директорот на Агенцијата единствено ги именува членовите на ова тело откако тие претходно ќе бидат избрани, а потоа телото работи самостојно.
На полноќ истече рокот во кој требаше Привремената комисија за мониторинг на медиумите да биде комплетирана.