Закажана е нова пресметка помеѓу Гвардиола и Мурињо

0
1460
Познати се сите парови од осмина-финалето во англискиот Лига Куп, а најзвучниот е дуелот помеѓу екипите од Манчестер.

Ждрепката одлучи екипите на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити да се удратво раната фаза од англискиот Лига Куп, па така, нов дуел помеѓу Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо е закажан во осмина-финалето.

Интересно би требало да биде и на лондонскиот дуел помеѓу екипите на Вест Хем и Челси, а секако, атрактивен ќе биде и натпреварот помеѓу екипите на Ливерпул и Тотенхем.

Арсенал помина добро – „Топчиите“ за пласман меѓу осумте најдобри во Лига Купот ќе се борат против екипата на Рединг, Њукасл ќе се судри со Престон, Лидс против Норич, Бристол Сити против Хал Сити, а последниот пар е Саутемптон против Сандерленд.