Заев: 100 отсто сум сигурен дека во октомври ќе добиеме датум за преговори, ако тоа сепак не се случи подготвен сум да одиме веднаш на избори!

0
1039

Премиерот  Зоран Заев рече дека 100 отсто верува дека во октомври земјава ќе добием датум за преговори за членство во Европската унија.

-Верувам 100 отсто дека во октомври ќе добиеме датум. Но да дадеме некој аргумент повеќе. Да покажеме дека ова што го правиме го правиме и за народот, не само за ЕУ. Законот за СЈО верувам дека нема да биде пречка за добивање на датум за преговори. ЕУ знае дека ако не го награди Договорот од  Преспа со датум за членство, може да ја врати националистичката реторика, радикализамот која може да испровоцира премиери на соседство, членки на ЕУ, но и други земји, како тоа ќе мотивира други лидери да најдат решение ако не го наградат Договорот од Преспа. Затоа верувам дека со добивање на датум за преговори добиваме и награда и за Преспанскиот договор – рече Заев.

Прочитајте и…  Газдата на дивоградбата кај Чинарот конкурирал на тендерот за фирма која ќе ги руши дивоградбите во Охрид

На прашање дали ако не добиеме датум за преговори може да продолжи да владее, рече дека во тој случај е спремен да седне и да разговара.