Заев ќе присуствува на светската церемонија за Мајка Тереза во Ватикан

0
852

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и од членот на Комисијата за европски прашања на СДСМ, Бартоломеј Кајтази, од вечерва е во дводневна посета на Рим, извести СДСМ.

Целта на посетата на Заев во Рим е присуство на светската Церемонијата за канонизација на Мајка Тереза во Ватикан организирана од Римокатоличката црква, известуваат од партијата.