Заев ќе оди во Израел на покана на претседателот

0
1206

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во понеделник ќе отпатува во четиридневна посета на Израел. Според партиски извори од СДСМ, Заев оди на покана на претседателот на Израел Реувен Ревлин. Освен со претседателот, Заев ќе се сретне со голем дел од министрите. Планирани биле и средби со претставници на бизнис секторот.

zoran-zaev22

“Ретко е лидер на опозиција да биде поканет и примен од претседателот на Израел. Се работи за официјална средба која ќе биде на највисоко државно ниво”, велат извори блиски на Заев.
Неофицијално, вчера во седиштето на СДСМ имало и брифинг со дел од новинарите за претстојната посета на Заев.

Реувен Ревлин е претседател на Израел од јули 2014 година, кога по втор пат се кандидираше за функцијата. Го наследи омилениот Шимон Перес.
Ревлин, во Израел познат и по прекарот Руби, е десничар, и важи за многу тврдокорен поддржувач на политиката на премиерот Бењамин Нетанјаху.
Иако доаѓа од десничарската партија Ликуд, исто како и Нетанјаху, Руби важи за силен демократ, имиџ со кој се здобил уште од 2003 година кога како претседател на Парламентот многу тесно соработувал со нееврејските претставници во Собранието и особено се залагал за малцинските права.
Тој отворено кажува дека го поддржува градењето на израелските населби во Газа и дека повеќе би сакал да ги види Палестинците како граѓани на Израел одошто во нивна независна држава.
Претседателската функција во Израел нема голема моќ, но Перес успеа неформално да го смени тоа, па сега за Ревлин може да се каже дека, сепак, е на влијателна позиција.

извор: Вест