Заев : Ќе го тужам уредникот на ,,Инфомакс”, АЦО ЦИА кој обвини дека сум бил вмешан во „Рекет“

0
1750

Премиерот Зоран Заев најави тужба за новинарот на „Информакс“ кој утрово објави прва страница од записникот од исказот на Орце Камчев за случајот „Рекет“. Утрово порталот „Информакс“ пишуваше, цитираме „Она што е можеби најинтересно е што во целиот овој период, за случајот биле запознати Радмила Шекеринска, Никола Димитров, но и шефот Зоран Заев.

Во една од приликите, при расправија помеѓу Боки Тредичи и Орце Камчев, околу апоените во кои бил исплатен рекетот, Боки се обидел да ја контактира Катица Јанева, но неуспешно бидејќи таа била на пукање во Камник, а пота и на вечера со Радмила Шекеринска.

Дека во рекетот бил вмешан и Зоран Заев јасно се гледа и од исказите на останатите оштетени и сведоци, но она што најмногу загрижува е исказот на Орце Камчев, во кој се вели дека премиерот наместо да ги изведе пред лицето на правдата, ги предупредил Кичеец и Боки Тредичи дека Орце Камчев ги пријавил за Рекет.“.