ЗАЕВ ЈА ШОКИРА МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ : Двајца членови на Владата се под истрага

0
1708

Двајца членови на Владата се под истрага, изјавил денеска премиерот Зоран Заев по одржувањето на Самитот Македонија 2025.

– Мој приоритет е во Македонија да не се повторуваат грешките од минатото, пред сè, корупцијата. Законот мора да важи еднакво за сите, зашто само така може да се овозможи доаѓање на инвестициите – рече Заев.

Како што рече, врз основа на пријава на граѓани, покрената е истрага против две лица, кои се во Владата, а кои се на власт од крајот на летото.

– Работат само два месеца и веќе се под истрага. Понатаму не сакам да кажувам детали – додал Заев.