Заев: Ја чуваат третата кривична за мене во „резерва“

0
1355

Што се случи со третата кривична пријава за Заев? Лидерот на СДСМ смета дека полицијата два месеца тактизира со најавената кривична за оддавање државна тајна, додека од МВР велат дека сѐ уште работат на случајот, пишува Призма.

zaev ny

Иако полицијата пред два месеца најави кривична пријава за Зоран Заев зашто наводно оддал државна тајна, МВР сѐ уште не поднела пријава до Скопското обвинителство за снимките околу донацијата за полициска опрема од Израел.

„Сѐ уште постапуваме по случајот“, велат од МВР.

Претседателот на СДСМ смета дека ако полицијата имаше намера да поднесе кривична пријава, тоа досега требаше да го стори.

„Најверојатно чекаат да паднат другите две пријави, па да си имаат трета за постојано да ме држат под кривични, колку да има секогаш ‘фер’ услови за преговори“, вели Заев за БИРН.

Тој во април објави снимени телефонски разговори коишто, според него, покажуваат дека поранешниот директор на тајната полиција, Сашо Мијалков, преку неговата тогашна соработничка Светлана Костова барал половина милион евра од израелска компанија за да стартуваат преговори за набавка на опрема за прислушување.

МВР и Мијалков демантираа со образложение дека се работи за донација на полициска опрема од државата Израел вредна 5,5 милиони евра.

Веднаш откако Заев ги објави снимките, полицискиот портпарол Иво Котевски на прес-конференција во април годинава објасни дека првиот социјалдемократ открил државна тајна и со тоа ѝ нанел трајна штета на државата.

За ова кривично дело е предвидена казна затвор во траење до 10 години.

 

Целата сторија за објавените снимки за „донацијата“ од Израел прочитајте ја на Призма на следниот линк.