Заев : Ја поздравуваме целосната поддршка на Црвенковски кон СДСМ

0
1324

За иднината на Македонија и нејзините граѓани неопходно е секој поединец да го даде својот придонес, а посебно ако тоа доаѓа од искусни луѓе како што е поранешниот претседател Црвенковски“, изјави Заев за Дојче веле.

zoki-zaev

Одобрување, поздравување на чинот, сомнеж во искреноста на кажаното, па се до блага иронија – вака се движат реакциите по денешното јавно обраќање на поранешниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски. Од обвинувањата против лидерот на СДСМ, Зоран Заев во случајот „Пуч“, како и по повеќе од дваесетина објавени опозициски „бомби“, Црвенковски се до денес воопшто не се огласи во јавноста, продолжувајќи ја својата минатогодишна самоизолација, дури и во ситуација на длабока политичка криза во земјата. Неговото денешно обраќање се толкува како резултат на медиумските критики против неговиот молк.

Важен е секој поединец

Она што јавноста најмногу ја интригира денес, е како обраќањето на Црвенковски ќе биде дочекано и коментирано во седиштето на „Бихаќка“. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека му е драго ми е што поранешниот претседател на Македонија и на СДСМ, излегол со вакви ставови.

„Со оглед на тешката ситуација во која се наоѓа Македонија и длабоката политичка криза, добро е што поранешниот претседател на државата се произнесе и ги соопшти негови ставови за состојбите во земјата. И СДСМ, и лично јас како претседател на партијата, ја поздравуваме целосната поддршка што Црвенковски ја изразува кон СДСМ и кон раководството на партијата. За иднината на Македонија и нејзините граѓани неопходно е секој поединец да го даде својот придонес во остварувањето на зацртаните цели со проектот „Вистината за Македонија“, за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во нашата држава, а посебно ако тоа доаѓа од искусни луѓе како што е поранешниот претседател Бранко Црвенковски“, изјави Заев за Дојче веле.

Во ВМРО-ДПМНЕ не се достапни за коментар на обраќањето на Црвенковски. Медиумските прашања на темата „каде е тој“, премиерот Груевски минатиот викенд ги искористи на партискиот собир во Прилеп само за шегување на сметка на СДСМ и на Црвенковски.

Сега знаеме што мисли!

Независните медиуми во Македонија завршија уште една корисна работа – сега, по долго време барем знаеме што мисли Бранко Црвенковски, вели поранешниот Генерален секретар на СДСМ, Ѓорѓи Спасов.

Повеќе на DW