Заев: Федерализацијата е само во главата на Груевски

0
1700

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од митингот на коалицијата предводена од СДСМ во општина Аеродром, вечерва одгворои на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за федерализација на земјата.

– Груевски ја измисли федерализацијата. Груевски е единствен во државата кој мисли за федерализација тој и никој друг. Да биде на чисто. Нема да дозволам никој да го смени уставот на РМ. Уставот наш гарантира мултиетичност тој е либерален и европски устав. Федерализацијата е во главата само на неоанационалистите! Ви ветувам дека Македонија ќе биде едно општество за сите дом за сите правично општество за сите во кое ќе има правда за сите -рече Заев.