Заев: Транзициски период само без Груевски и соработниците

0
1407

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев оствари средба со Роберто Батели и Андреас Нотеле, специјални претставници на Парламентарното Собрание на ОБСЕ, а на која се разговараше за можните исчекори во Брисел, од рамката за преговори којашто беше утврдена меѓу политичките субјекти на средбата со еврокомесарот, Јоханес Хан во Скопје.

image_1433454123_39

Зоран Заев посочил на принципиелните заложби на опозицијата за одделување на партијата од државата, гарантирање на владеењето на правото, на потребата од демократско функционирање на институциите, нотирани како проблеми во извештаите на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, на Европската комисија и на други меѓународни и домашни институции и организации.

-Тоа е единствено можно ако во утврдениот транзициски период, на овие европски стандарди се посвети Влада во којашто нема да учествуваат Груевски и неговите соработници, кои ја создадоа длабоката политичка криза – истакнал Заев.

Претседателот на СДСМ посочил дека е узурпирана волјата на граѓаните на криминалните изборни циклуси што ги покажале доказите преку проектот Вистината за Македонија, поради што актуелната власт на Груевски немала повеќе легитимитет да организира и спроведува избори.

-Граѓаните си ги бараат назад слободата и демократијата и ги заслужуваат, како и сите граѓани на Европа, и СДСМ, како одговорна опозиција нема да прави компромиси за овие базични интереси на народот и државата – рекол Заев на средбата со претставниците на Парламентарното Собрание на ОБСЕ.