Заев: Станавме диазепам земја, лексилиум општество, но имаме ние лек и за Груевски

0
1549

Во првите 100 дена ќе го донесеме законот за обештетување на стечајните работници, рече денеска од митингот во Кочани, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Капе ли последниот денар од вашиот џеп за нови давачки за нови сметки за нови извршители, капат ли солзи од вашите очи по децата што заминаа јабана, капе ли нашата крв кога овие бандити направија крвопролевање во Куманово. Десет божји години ни одземаа, доста е, овој режим мора да заврши, ќе победат граѓаните ќе победиме здружени, ќе победи Mакедонија.

Парите украдени ќе ги вратиме назад кон граѓаните. На Груевски не му текнува како да врати плата плус во секое семејство, а му текнува како да изнесе над 5 милијарди евра пари на граѓаните надвор од државата. Додека вас ви се трупаат сметки него и на фамилијата му се трупаат пари по странски сметки. Ти текна ли сега Никола кога го слушаш овој крикот на граѓаните што сакаат да си го вратат одземеното.

Дали го гледате Грувески колку е издишан што не знае што треба да направи и почна да го копира нашиот план, па краде идеи па дури и рекламни спотови. Во пропаст не носи сите, економијата е катастрофа, егзистенцијата ни е загрозена, стоиме на работ на провалијата на која го качил глумецот на украдениот спот.

Јас ќе бидам премиер и ви гарантирам дека новата владата ќе донесе закон со кој на секој граѓанин ќе му се вратат 15 проценти од ДДВ и ќе обезбедиме плата плус за секое семејство. Ќе ја вратиме дневната евтина тарифа и ќе има евтина струја цел викенд. Кој има помалку ќе плаќа помалку, а оние со најнизок доход и воопшто нема да плаќаат.

Ќе ја укинеме радиодифузната такса, ќе има бесплатно болничко лекување за сите, а субвенциите ќе ги качиме на 640 милиони евра и ќе бидат редовни, ќе го укинеме перосналниот данок за земјоделците, ќе обезбедиме пласман на земјоделстките производите, казните ќе ги намалиме за 50 отсто – рече Заев.

Тој рече дека Груевски приказната за федерализација ја измислува затоа што е свесен дека ќе треба да ги врати украдените пари.

– Зборот федерализација го изговара само тој и никој друг, тој се обидува да ве збуни вас, тоа е неговата очајна тактика за да остане на власт, очајна лаже, лаже корне, Никола никој не ти верува.

Станавме дијазепам земја, хелекс држава лексилиум општество, но имаме ние лек и за Груевски ќе му го препишеме на 11 декември и нема да му земеме за тоа пари, но ќе плати за сите злосторсва што ги направи врз мојот народ врз нашиот народ. Очекувате ли да живеете како доесега или очекувате да живеете живот.

Подавам рака, носам живот за сите граѓан на Македонија. Изберете промени за да има промени заокружете 4 за да спречиме четири нови години голгота – рече Заев.