ЗАЕВ СО МОЛБА ДО НАЦИЈАТА: Имајте малку трпение, ви ветувам дека се ќе биде како што ветивме!

0
8856

„Водиме одлична надворешна политика. Откако сум јас Премиер, Македонија доби огромен број на пријатели во Европа и Светот кои не поддржуваат на патот кон ЕУ и НАТО.

Свесен сум дека домашната/внатрешна политика има некои пропусти. Но ќе ја решиме и неа. Ве молам за трпение. Имаме задолжена земја од 5 милијарди евра, уништени институции, крахирано здравство, култура, образование. И потребно е време за да се променат работите.

Не сакаме брзи промени кои нема да донесат ништо подобро. Сакаме промени кои ќе ги почувствувате. Сакам луѓе кои ќе речат дека навистина во Македонија се живее убаво, дека овде младите ја гледаат својата иднина.

Имаме паметен народ, работлив, гостопримлив. Имаме природни богатства. Имаме желба и визија. И ќе успееме. Јас ви давам збор дека ќе успееме. Но треба време. Водиме одлична надворешна политика. Ќе водиме уште подобра внатрешна. Моите дела во Струмица се доказ дека она што го зборувам, ќе биде реализирано. За мене зборот е збор!“. – Зоран Заев