Заев со коментар за потегот на БПЦ: Oдлуката на БПЦ е исклучително позитивна!

0
1062

Премиерот Зоран Заев ја оцени како исклучително позитивна подготвеноста на Бугарската православна црква (БПЦ) да го води и помага целиот процес за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

– Како православен верник сум радосен за оваа работа. Уште еднаш само ќе повторам дека Македонија е секуларна држава. Ние не сакаме да се мешаме во односи меѓу црквите, но оваа порак е исклучително позитивна, можам само да ја поздравам. Дефинитивно имаме напредок и во делот признавањето на нашата Македонска православна црква. Прифаќањето од бугарска страна да се биде мајка значи ќе го води целиот процес за помагање на признавањето на афтокефалноста на нашата МПЦ. Се надевам сите други православни цркви ќе го следам примерот, затоа што да се биде мајка – црква завршува со признавање на МПЦ – изјави Заев, кој учествува на Самитот 16+ за соработка со Кина што се одржува во Будимпешта.

БПЦ денеска соопшти дека донела одлука да ја застапува МПЦ пред православните цркви.