ЗАЕВ: СМЕНАТА НА ДИРЕКТОРИТЕ E ПО ЗАКОН, ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ

0
1489

Премиерот Зоран Заев денеска ги отфрли како неточни информациите дека Владата има какви било проблеми при назначувањето директори во државните институции.

Одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Стопанската комора на северозападна Македонија, Заев нагласи дека се постапува исклучиво по закон и не по принципот по кој функционираше претходната власт.

– Еден дел од работите се случуваат по два месеца зашто рековме дека ќе бидеме различни. Немаме намера да смениме веднаш се во администрацијата. Ќе се променат луѓето кои поднесоа оставки и онаму каде што е тоа стратегиски исправно. Ќе задржиме луѓе кои се професионалци, но притоа мора да ги следиме и законските постапки, потенцира Заев.