ЗАЕВ СИ ОСТАНА НА ЗБОРОТ, ТОА ШТО ИМ ВЕТИ НА ЛОЗАРИТЕ ВО КАВАДАРЦИ СЕ РЕАЛИЗИРА: Дополнителна субвенција од 1 денар за 1 кг грозје, плус 8000 денари по хектар!

0
1294

Владата, ќе обезбеди дополнителна субвенција за лозарите од 1 денар за килограм предадено грозје за сортите вранец и смедеревка. На овој начин ќе се придонесе за зголемување на рентабилноста на производството на овие две најзастапени сорти. Одлуката ќе биде донесена на следната владина седница.

Освен оваа дополнителна субвенција, Владата, ќе обезбеди финансиски средства за Здружението на лозари, за да можат да обезбедат дополнителни контроли на мерењето на шеќерните единици, а се со цел да нема манипулации и да бидат сигурни во проценките од страна на винариите.

Дополнително, лозарите кои имаат од 1 до 10 хектари лозје, ќе добијат 48.000 денари, наместо досегашните 40.000 денари, по хектар за одржување на насади. Претворена во килограми, оваа субвенција изнесува половина денар по килограм, што значи дека вкупната финансиска поддршка заедно со дополнителната субвенција ќе изнесува 1,5 денари за килограм.

#МЗШВ, континуирано ќе го следи откупот на грозјето, со цел да се гарантира непречен откуп.