Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва има централен митинг во Штип. Во моментов говорник е претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.
Заев го повикува кандаидатот за претседател од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Гордана Сињановска, да каже која и е понудата за претседател.
-Која и е понудата нека каже, ред е да каже. Што ќе прави кога ќе треба да потпише указ со името Република Северна Македонија, за армијата или за било кого друг? Што со договорот со Бугарија. Ќе го поништи? И после што? Или што со Грција, ќе се скара и до таму да ни ги вратат визите?, прашува премиерот.
Заев ја повика доколку не знае да го праша лидерот Мицковски кој ќе врти во Будимпешта и од таму ќе кажеле што и како треба да прави.